„Game of Thrones“ се сели на театарската сцена, а авторите на адаптацијата очекуваат претставата да стане хит на театарот во лондонски Вест Енд и на њујоршкиот Бродвеј. Задачата за театарската адаптација ја презедоа Британците, драматургот Данкан Мекмилан и режисерот Доминик Кук, а првите прикажувања се очекуваат 2023 година.
При адаптацијата тие соработуваат со писателот на книжевната сага „Песна за мразот и огнот“ – Џорџ Р.Р. Мартин. Заплетот на претставата ќе биде сместен на турнир во Харенхал, 17 години пред приказната од првата сезона на телевизиската серија на ХБО.
– Малкумина знаат дека има крвопролевање меѓу благородничките семејства и полкот што се собраа во Харенхал за да ги поддржуваат најдобрите витези на кралството на големот турнир… Нашиот сон е да го поставиме Вестерос (измислено место од приказната) на Бродвеј (во Њујорк) и во Вест Енд (театар и област во Лондон), но и во Австралија, објаснува Џорџ Мартин.
Во театарската претстава ќе се појават многу од најпознатите ликови од книжевната сага и успешна ТВ-серија што се снимаше осум сезони, од 2010. до 2019 година.