Француската полиција го идентификуваше фотографот кој летово ја сними голата војвотка од Кембриџ и е подготвена да го уапси.
Истрагата беше покрената минатиот месец, по објавувањето на фотографиите во француското списание „Closer“.
„Се очекува фотографот да биде приведен на сослушување во најкраток рок“, пишува британскиот таблоид „Dejli mejl“.
„Вилијам и Кејт се одлучни во својата намера и инсистираат на затворска казна. Сакаат тоа да биде пример“, изјави анонимен извор, близок до кралското семејство.
На фотографот му се заканува казна затвор во траење најмногу до една година и парична казна во износ од 45 илјади евра поради нарушување на приватноста.