Сезоната на новогодишните и божикните празници е период од годината во кој може да се ужива во топлиот и убаво декориран амбиент.
Овие празници се карактеризираат со собирање на семејствата, делење подароци, размена на честитки и пред се со убаво декорирани домови накитни со елки, сијалички и разни други орнаменти. За оние кои живеат во куќи овие празници нудат можност и за убаво декорирање на нивните дворови и градини.
Речиси неодминлив декор е божикниот венец над вратите, кој го нагласува влезот во домот и создава гостопримлива атмосфера. Не посоти ништо поубаво од венец од зимзелено дрво украсен со ленти, лампиони и други новогодишни орнаменти. Покрај со божикниот венец, влезната врата и целата куќа можат да бидат украсени и со светилки, што во текот на долгите ноќи го прави домот повеличествен.
Елките и останатите дрва во дворовите се одлична основа за декорирање со водоотпорни украси, кои заедно со светилките ќе го направат отворениот просотр околу куќата поспектакуларен.
Поштенските сандачиња се исто така добар елемент за декорација. Со употреба на ленти во боја, пред се црвени, и со зеленило, поштенското сандаче може да се направи неодоливо и воедно да претставува пријатно изненадување за поштарот.
Иако можеби ќе нема снег за Нова година и Божик, санките се неодминлив декор за овој период од годината. Санките украсени со ленти, лампиони, гранки и светилки, ќе претставуваат единствен декор на куќниот трем. Оние повештите би можеле да изработат и ирваси, со што ќе се добие вистинска санка на Дедо Мраз.
Недоминлив дел на зимскиот амбиент е и Снешкото Белчо. Дури и без снег, може да се направи интересен Снешко Белчо од разни материјали, кој збогатен со светилки, ќе го надополни празничниот амбиент во дворот.