Најголемиот фестивал на балканот – ЕГЗИТ оваа година ќе прослави 20 години од својот почеток, организаторите велат дека и покрај пандемијата датумите за одржување на водечкиот фестивал се одредени.
Според најавата, ЕГЗИТ треба да трае од 13 до 16 август годинава.
Тимот на Егзит најавува и дека целиот настан ќе се организира во блиска соработка со Националниот кризен штаб на Република Србија, а како една од мерките ќе биде и намалување на капацитетот на фестивалот на половина од вообичаените 55.000 посетители дневно.
Исто така, ќе бидат затворени и рововите во кои инаку се сместени околу 40 бини и зони.
Сепак, најимпресивните места на Петроварадинска тврдина кои го прават Егзит легендарен, како што се колосалната „Денс Арена“, главната бина и култната „Ноу Слип“ бина, како и уште некои сцени, ќе блескаат и ова лето во полн сјај, велат организаторите.
Повторното покренување на продажбата на влезниците започнува на 1 јуни, додека повеќе детали за фестивалот, можноста за рефундација и програмата пристигнуваат во претстојните денови.