Многумина ја трошат целата своја младост, некои и цел живот, во потрага по сродна душа, за тоа едно и неповторливо лице со кое животот би бил песна, а проблемите би се решавале сами од себе. Психолозите уриваат некои најчести митови за таквата душа…
Постои само една
Да, за секого во животот постои само една сродна душа, е еден од најчестите митови. Поради таквото размислување луѓето се плашат повторно да се во врска, по некое раскинување на врска или смрт на сопружникот. Меѓутоа, психолозите се согласуваат дека сродна душа е некој кој нас не надополнува во одреден дел од животот, па тоа може да биде партнер, пријател, член на семејството и дете.
Сите потреби се задоволени
Според верувањето, сродната душа треба да ги задоволи сите потреби на партнерот, така што тој нема да има потреба да се занимава со други нешта. Меѓутоа, експертите се согласуваат дека за здрава врска треба да се има поделени интереси.
Едноставна врска
Сродните души не треба да работат на врската, бидејќи таа сама по себе е совршена, иако звучи убаво, тоа е само мит. Факт е дека секоја врска бара многу труд и лојалност за да функционира нормално.
Сакаат исти работи
Ако навистина сте сродни души тогаш сте едно, мислите, чувствувате и сакате исто, колку тоа да звучи привлечно, тоа е само мит. Партнерите се две посебни единки кои имаат свои ставови и сосема е природно да не се согласуваат секогаш околу исти работи. Токму тие разлики врската ја прават посебна и ги тераат партнерите да излезат од својата зона на пријатност и да се соочат со нештата кои не им одговараат премногу.
Само половина човек
Сродната душа треба да ја надополни другата половина, но тоа не значи дека без неа вие сте само половина човек. Тие верувања создаваат негативна слика за самиот себе и можат да предизвикаат депресија. Раскинувањето е болно, но токму поради тоа треба да поработите на себе за да не се доведете во состојба други да ја одредуваат вашата вредност, објаснуваат експертите.
Разбирање без зборови
Овој мит подразбира дека еден на друг си ги читате мислите. Вие никогаш не се карате и секогаш знаете што има намера партнерот. Таквото мислење не е реално, посебно во стресни ситуации.