Бугарската национална телевизија објави дека ја повлече песната „Кисмет“ од Евровизја по спорот за авторски права, пренесува МИА.
Одлуката е донесена откако Бугарската национална телевизија не можеше да донесе конечен заклучок за тоа на кого се авторските права за песната „Кисмет“, која ја изведуваат Елица и Стојан.
Бугарската национална телевизија тврди дека продуцентите лажеле за тоа на кого му припаѓаат авторските права, бидејќи Џонатан Тесе, музичар и продуценти од Аргентина воопшто не бил информиран за финалната верзија на песната што беше избрана да ја претставува Бугарија во Малме.
Бугарија сега ќе се претстави со песната „Онли чампионс“, во изведба на дуото Елица и Стојан.