И бебињата страдаат од несоница

Од:

Како и возрасните, така и  децата можат да имаат лош сон, дури и бебињата. Лекарите утврдија дека лицат кои не спиеле убаво како новороденчиња, подоцна стануваат поагресивни и три пати се склони кон деструктивно однесување.

Полесно се заморуваат и немаат добра концентрација. Затоа е  многу важно децата да имаат здрав сон и дење и ноќе. Несоницата е причина за лошото расположение кај децата и родители, а малите деца кои страдаат од инсомнија имаат поголем конфликт со мајката.

Доколку бебето плаче ноќе без причина, би требало да го пуштите, затоа што после две, три ноќи ќе прстане. Ова не е едноставно, затоа што на родителите им изгледа дека плачат со часови. Сепак, експертите тврдат дека тоа е субјективно чувство на грижа на мајката и таткото, затоа што најчесто плачењето престанува по половина час.

Проблемот со будењето ноќе со плачење се јавува меѓу шестиот и 18-от месец, како последица на страв од одвојување. Решението за тоа е еден од родителите да седи покрај креветот и во темницата да му шепоти убави зборови. Малите бебиња нема да ги разберат, но веднаш го препознаваат гласот на мајката или таткото, што брзо ќе ги одведе во царството на соновите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска