Соништата на бебињата не се истражуваат, многу бидејќи тие не се „погодни“ за соработка, не зборуваат, па тешко можат да се извлечат корисни инормации од нив.
Во книгата „Најдобра книга за спиење на бебето“ (The Best Baby Sleep Book) педијатарот Едвард Кулич објаснува што се може да влијае врз соништата на бебињата.
– Утврдено е дека бебињата помиуваат низ РЕМ фаза, време во кое се сонува, па можеме да претпоставиме дека и бебињата своите дневни искуства повторно ги проживуваат во сонишата, истакна Кулиќ.
Со оглед на тоа дека новороденчињата во текот на денот јадат, чувствуваат глад, топлина на родителите и ја запознаваат околината со помош на мирис, можно е таквите искуства повторно да ги проживуваат во соништата.
Педијатрите веруваат дека соништата на бебињата се исполнети со слики од нивните родители. Понекогаш тие соништа се пријатени, а понекогаш се ноќни кошмари.
Без оглед на безбројните претпоставки, голем број педијатри и детски терапевти оценуваат дека не е можно во целост да се утврди за што сонуваат бебињата, бидејќи тие не можат да го прераскажат сонот.