Хрватските плажи помеѓу најдобрите во Европа

Од:

Хрватска спаѓа во групата држави со најдобар квалитет на вода во Европа, покажа извештајот на Европската агенција за околина и Европската комисија за квалитетот на водата за капење во 27 држави членки на ЕУ.

Секоја година пред почетокот на годишниот летен одмор Европската комисија објавува извештај за квалитетот на водата за капење, со податоци од претходната сезона.

Европската агенција за околина собира податоци за квалитетот на водата, од повеќе од 22.000 места за капење, од кои две третини се однесуваат на плажи, а останатото се реки и езера.

Податоците вклучуваат ниво на бактерии од отпадни води и живи организми.

Од 912 морски плажи во Хрватска, на 876 или 96,1 процент водите имаат одличен квалитет. Од нив 26 се со задоволителен квалитет, а само три се со слаб квалитет, додека ниту во една не е забрането капењето.

-Охрабрува фактот што квалитетот на водата на европските места за капења постојано се подобрува. Меѓутоа има уште простор за подобрување. Водата мора да ја заштитиме во потполност – изјави официјално лице од агенцијата за околина Јанез Поточник.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ