Хрват три години се криел за да не плати сметка од хотел во Дубровник, го уапсија на аеродром

Од:

Хрватски државјанин кој пред речиси три години побегнал од хотел во Дубровник без да ја плати сметката „тешка“ речиси 6.000 евра, уапсен е пред два дена на аеродромот во Загреб, кога се обидел да влезе во земјата.

Како што соопшти полицијата, во септември 2018 година, стигнала пријава дека 49-годишен жител на Загреб престојувал во хотелот во јадранскиот град во периодот од 25 август до 3 септември таа година, користејќи додатни хотелски погодности, по што избегал без да ја плати големата сметка.

По должникот тогаш била распишана потерница, а тој е уапсен на 13 јули годинава, кога пристигнал на загрепскиот аеродром. Осомничениот е испитан во полициската станица во Дубровник, а потоа, со поднесена кривична пријава, е предаден на притворски надзорник.

Човекот од моментот кога побегнал од хотелот во Дубровник, до моментот на апсењето, бил надвор од земјата, соопшти хрватската полиција.

Би можело да ве интересира

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

ВИДЕО: Акцијата за спасување на Костелиќ во Црна Гора траела пет часа, објавени снимки

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ