Хрват ја следел сопругата преку ГПС – сега е во притвор, а таа му е бивша

Од:

Истражен судија во Хрватска му одреди притвор на 42-годишен жител на градот Велика Горица кај Загреб, кој преку ГПС-уред за сателитско следење и лоцирање го следел движењето на неговата поранешна невенчана сопруга.

Како што соопшти обвинителството, притворот е одреден поради опасност од повторување на кривичното дело, пренесува Индекс.хр.

Кршејќи ја општата одредба за заштита на личните податови на Европската унија, осомничениот на 29 октомври поставил ГПС-уред во делот со осигурувачите на автомобило кој го користела неговата невенчана сопруга, која сега му е бивша, тврди обвинителството.

По пат на апликација на неговиот мобилен телефон, осомничениот воспоставувал врска со ГПС-уредот и потоа неовластено прибавувал податоци за движењето на неговата бивша сопруга цели четири и пол месеци, до 15 март оваа година, кога таа го пронашла уредот, додаваат обвинителите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од хрватскиот вицепремиер како пука од автомобил на улица, си поднесе оставка

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он

Куриозитети од изборите во Хрватска: Во место во Далмација, Милановиќ ги доби сите гласови

Признание за мене, но и порака за власта, порача Милановиќ во победничкиот говор

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Снег во Хрватска: Заглавени камиони