Храна за обликување на телото и намалување на масните наслаги

Од:

Диетата не мора да биде мачење со салати, немасни сирења и тврдо месо! Дознајте кои се тие намирници кои ќе ви помогнат во слабеењето.

1. Авокадо – Богато е со монозаситени масти кои побавно се варат, а и поттикнуваат лачење на хормоните кои даваат подолго чувство на ситост. Луѓето на диета со ограничено внесување калории, а која уклучува и авокодо, можат да изгубат повеќе килограми од оние кои внесуваат еднаков број на калории, но без авокадо.

2. Маслиново масло – Неговото силно антиоксидативно дејство одлично ги намалува воспаленијата и спречува оштетување на клетките кои можат да бидат поттикнувачи на некои хронични болести.

3. Јогурт – Полн е со протени и дава дополнителна енергија, а најдобар избор е за добро варење. Во една порција има околу 20 грама протеини, еднакво како да сте изеле половина пилешки гради. Поради својата густина и кремастата текстура е идеален за салати наместо мајонез.

4. Зобна каша – Зобот од сите јаглени хидрати најдобро ја одржува ситоста, затоа што се вари многу бавно. Содржи осум грама влакна или околу третина од дневните потреби. Ако кашата ја изедете наутро, долго во текот на денот ќе одржите стабилно ниво на шеќер во крвта.

5. Немрсно телешко – Одличен е извор на протеини, а со нивниот внес во текот на диетата можете да ги сочувате мускулите од пропаѓање. Австралиските научници открија дека жените кои конзумираат немасно црвено место шест пати неделно, губат околу 25 отсто повеќе од тежината од оние кои не го јадат. Сепак, внимавајте да не претерате, затоа што премногу месо може штетно да делува на варењето, а се поврзува и со појавата на рак.

6. Пуканки – Тие се всушност цели житарки, само распукани. Доколку сакате здрав оброк, испечете ги на маслиново масло и немојте многу да ги посолувате. Еден филџан има само 30 калории. Секако, тоа не вазжи за пуканките од микробранова за кои се испострави дека се нездрави и канцерогени.

7. Tиква – Сочните семки се богати со фолна киселина и многу антиоксиданси.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска