Храна која треба да ја јадате доколку активно трчате

Од:

Ако планирате во листата на ваши дневни активности да го вклучите и трчањето, тогаш би требало да внесувате храна која ќе ви дава сила и на вашиот организам ќе му ја му ја даде потребната енергија.

Тестенини од интегрални житарки

Ваквите тестенини се полни со јаглерохидрати, изобилуваат со витамин Б (меѓу другите) и ќе ви бидат од голема помош доколку ги внесете вечерта пред напорен тренинг бидејќи ќе ја подобрат вашата издржливост.

Банани

Одлични се за пред, но и после трчање бидејќи ќе ја зголемат ваша енергија и ќе го пополнат резервите кои сте ги изгубиле поради трчањето. Освен тоа, бананите се полни со калциум кој одлично го регулира крвниот притисок, а доколку дополнително сакате да ја зголемите вашата енергија, консумирајте ги со јогурт.

Црна чоколада

Ако трчате, никаде не одете без црно чоколадо кое поради високиот процент на какао спречува воспаление на мускулите.

Брокула

Брокулата е полна со витамини (особено со витамин Ц, фолна киселина и витамин К), а сите овие помагаат во јакнењето на вашите мускули и коски. Затоа е добро да се јаде брокула пред и после тренинг.

Јаткасти плодови

Хранливите материи кои јаткастите плодови ги имат во изобилство ќе ве заштитат после тренингот, ќе помогнат во зајакнувањето на вашето тело, а бидејки содржат висок процент на магнезиум ќе ги намалат грчевите во нозете.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава