Заборавете ги производите за помладување. Доколку сакате да го задржите младешкиот изглед, ќе биде доволно да одбегнувате одредени производи кои го забрзуваат стареењето.
Шеќер
Постојат неколку причини зошто исхраната богата со шеќер ги прави луѓето постари. Вишокот на шеќер во организмот се врзува со колагенот, што кожата ја прави тврда и нееластична и придонесува за создавање брчки.
Незаситени масти
Како шеќерот, вишокот на незаситени масти ја прави кожата тврда и нееластична, а доведува и до затворање на артерии и помали крвни садови.
Сол
Солта го дехидрира телото, а кога сте дехидрирани станувате уморни и изгледате истрошено. Покрај тоа, солта придонесува за заболување на бубрезите, висок крвен притисок и му пречи на метаболизмот.
Кафе
Кафето и производите на база на кафе исто така, го дехидрираат телото и тие луѓе изгледаат уморно и истрошено.
Слатки
Шеќерот во слатките предизвикува воспаленија во телото, а кожата ја прави набрана и стара.
Вештачки засладувачи
Вештачките засладувачи поврзани се со главоболка и болки во зглобовите и често предизвикуваат желба за слатки.
Алкохол
Конзумирањето поголема количина алкохол го дехидрира телото, предизвикува создавање брчки, намалување на колагенот, црвенило и отоци.
Енергетски напитоци
Енергетски напитоци ја оштетуваат глеѓта на забите осум пати повеќе од содата. Оваа ерозија ги прави забите да изгледаат жолто и нездраво.
Јагленохидрати
Претерано конзумирање јагленохидрати може да го намали количество на колаген и да ги оштети влакната во кожата.
Пржена храна
Пржената храна исто така придонесува за „намалување“ на колагенот во кожата и тоа ја прави со брчки и истрошена.
Сода
Конзумирање на газирани пијалоци, полни со шеќер и сода, го дехидрираат телото, дебелеат и го заморуваат организмот.