Како што постојат производи кои ги потемнуваат забите, така има и производи кои го подобруваат нивното здравје и убавина.
Познато е дека треба да се избегнува црното вино и кафето доколку сакаме да имаме убави, бели и здрави заби. Но, има и производи кои се добри за здравјето на нашите заби.
Јагоди – Иако се црвени сепак ги избелуваат забите и тоа со помош на супстанцата, поточно киселината која ја отстранува нечистотијата од површината на забите.
Семки јаткасти плодови – Кога се џвака оваа храна, всушност помага во симнувањето на слоевите од површината на забите. Секако, ваквите плодови влегуваат меѓу забите, па по нивното конзумирање задолжително е темелно миење на забите.
Лук- Можеби не е производ со убав мирис, но е добар за забите. Нема изразена боја и не остава дамки на забите.
Јаболко – Тие се тврди и потребна е сила за да се гризнат, а токму тоа ги зајакнува нашите заби и непца. Покрај тоа, некои состојки на јаболкото се добри за плунката и забите.
Целер и морков – Овие коренести зеленчуци го стимулираат создавањето на плунката која помага во отстранување на остатокот на храната, а покрај тоа и ги зајакнува непцата.
Брокула – За разлика од некој друг зеленчук, брокулата не се зафаќа за забите, што секако е многу добро бидејќи нема да влијае на здравјето на површината на забите.
Сирење – Овј вкусен производ содржи калциум, за кој е познато дека ги зајакнува забите и непцата. Покрај тоа, овие млечни производи немаат боја па затоа не оставаат траги на забите.
Портокал – Поради киселината која ја содржат, овие производи можат да придонесат за белината на забите, но ако се претера таа иста киселина може да ги оштети забите.
Вода – Таа ја хидратира устата и ја чува убавината и здравјето на забите. Од сите горенаведени производи, водата е најздрава.