Храна која лекува акни

Од:

Многумина никако да научат дека со лошиот избор на храна нема да ги победат акните, туку ќе гио зголемат нивниот број. Оваа е листата на продукти кои би требало да ги воведете во вашата исхрана ако сакате поубава и почиста кожа.

Консумирајте и ослободете се од отровите од оргазнимот за брзо време.

Ако имате проблеми со акните посебно внимание посветете на исхраната, а еве неколку продукти кои секако би требало да се најдат на вашата чинија.

Зелен зеленчук

Спанаќот, кељот, блитвата, разните салати…Не мора да претерувате, но вклучете го во вашата исхрана лиснатиот зеленчук. Лиснатиот зелен зеленчук е богат со витамин А во облик на бета-каротен, а бета-каротенот е најголем непријател на акните. Зелениот зеленчук е богат и со витаминот К кој го интензивира протокот на крвта што е клучно за здрав изглед на кожата.

Сладок компир

Ако имате проблеми со откажување од скроб – нека вашиот избор биде слаткиот компир! Кој не би ја посакал оваа скапоценост од зеленчук?! Освен што слаткиот компир е вкусен, го намалува нивото на шеќер во крвта што е клучно за спречување на акните. Освен што содржи и голема количина витамин А, содржи и витамини од Б групата кои играат голема улога во здравјето на кожата.

Морков

Морковот има исти бенефиции за кожата како и слаткиот компир. Не мора морковот да го грицкате сиров, можете да направите сок од него, можете да го изрендате во салата, преливи…Можете и да го испечете. Морковот е полн со витамин А, магнезиум и влакна, а исто така и е голем антиоксиданс.

Авокадо

Мастите кои се содржат во авокадото се одлични пријатели на вашата кожа, а и на вашата половина. Авокадото е богато со витамин Е, кој е клучен во борбата против акните. Освен тоа е богат со влакна, ја одржува стабилноста на нивото на шеќер во крвта и помага во урамнотежувањето на хормоните.

Јајца

Јајцата се богати со хранливи материи потребни за борбата против акни. Содржат витамин Б, белковини, витамин Е и витамин Д. И најважно – се советува консумирање јајца кои се домашно одгледувани.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава