Храброст или лудост: белорускиот авион најследен во светот поради неговата ризична рута

Од:

Како резултат на растечките тензии на Блискиот Исток, нападот на Израел врз Иран и американските напади извршени во недела наутро, воздушниот простор меѓу Израел и Иран е целосно исчистен од цивилни авиони. Сепак, имаше исклучок.

Имено, белорускиот авион што леташе од Дубаи до Минск одлучи, за разлика од другите авиокомпании, да лета директно над иранска територија.

Овој потег го привлече вниманието на многу луѓе ширум светот, па на страницата Flightradar24 ова е моментално најследениот лет.

Според најновите податоци, летот на овој авион го следат повеќе од 22.000 луѓе.

Воздушниот простор во голем дел од Блискиот Исток е затворен веќе две недели, а авиокомпаниите објавија дека ќе остане така и во наредниот период поради зголемената ескалација.

Авиокомпаниите во тој случај избираат алтернативни рути преку Каспиското Море или на југ преку Египет и Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

Иран e на крстопат: Договор со САД или враќање на воената конфронтација?

Доли Партон погребана во тесен семеен круг: Последната желба ѝ е исполнета

Шин Бет потврди: „Синот на Нетанјаху итно евакуиран“

Калибаф: Непријателот е поразен благодарение на нашето единство

Аракчи: Разузнавањето укажува на обиди за манипулирање на енергетските пазари

Муцунски за „The Jerusalem Post“ од Израел: Директна авиолинија, посилни економски врски и унапредување на соработката во туризмот