Хотел во Виена на бегалците им нуди работа и надеж

Од:

Многу хотели во Виена на своите гости им нудат прекраски глетки, луксузни соби и удобни локации, но само еден нуди нешто и за бегалците – работа.

Како што јавуваат британските меидуми, повеќето од ангажираниот персонал во хотелот „Магдас“, од рецепционери до хигиеничари, готвачи и хаусмајстори, се бегалци, кои добиле азил во Австрија.

Дојдени се од 14 земји, а многимина од нив ги ризикувале своите животи да тргнат на опасно патување за да избегаат од прогони и конфликти.

Католичката хуманитарна организација Каритас, инвестирала 1,5 милиони евра и ја отворила оваа социјална фирма за да им даде можност на бегалците кои ќе работат тука да научат за хотелиерството.
Хотелот, што се наоѓа на местото на поранешен дом за стари лица, бил отворен во февруари и веќе се покажал спасоносен за многумина кои досега со години ништо не работеле или пак немале право да работат чекајќи решение за нивната молба за азил.

-За сето тоа време додека чекаш, треба да си силен, инаку нема да издржиш, вели Динис, 29-годишен поранешен активист од Гвинеја.
Тој избегал од политичките прогони во западноафриканската земја, нелегално се качил на брод за Европа и повеќе од девет години чекал да добие статус на бегалец во Австрија.

Мариам има 38 години. Таа го напуштила Мароко затоа што била прогонувана затоа што е лезбејка. Чекала речиси 13 години да добие азил. Признава дека работела нелегално за да преживее.

– Јас сум активен човек. Не сакам да живеам од социјална помош, едноставно сакам да работам, ни рече таа.

Бројот на молби за бегалски статус во Австрија пораснал за скоро 160 проценти во првите четири месеци од 2015 година, и изнесува 14,225, може да се види од официјалните податоци на службите за странци. Минатата недела, австрискиот министер за внатрешни работи, Јохана Микл-Лајтнер, беше цитрирана со изјавата дека Австрија престанала да обработува молби за бегалски статус, за да ги притисне европските држави да сторат повеќе за приемот на илјадници емигранти кои го преминуваат Средоземното Море со небезбедни пловечки објекти.

Мариам и Динис минале обуки, се труделе и научиле германски за да си ги подобрат шансите да бидат ангажирани на работа, но при недостиг на било каков работно искуство, им било тешко да најдат работа, се додека не слушнале за хотелот „Магдас“.

Иако сега се е во ред и тие работат, не сите нивни колеги имале таква среќа.

Во хотелот работел Авганистанец кој подоцна си заминал. Тој избегал од неговата татковина откако талибанците му се заканиле затоа што им помагал на западни невладини организации. Стигнал во Европа преку Турција и успеал да добие бегалски статус, но не можел да се справи со шоковите.

– Му беше тешко да работи, рече за Томсон Ројтерс управителот на хотелот, Себастијан де Фос. „Се гледаше дека работи, но умот му е некаде на друго место, изгледаше дека нешто силно го мачи“.

Дваесет и едно годишен алжирски работник, кој не сакаше да ни го каже името, ни посочи дека со тешкотии се среќавал уште од мало дете, кога со семејството пристигнал во Австрија. Животот му станал полесен кога добил статус на бегалец и веќе не живеел во нејаснотии и не го сметале за „паразит“, вели тој.

– Кога си кандидиат за бегалски статус, се обидуваш да избегаш од нешто. Сакаш подобар живот. Но, некои луѓе страдаат од депресија, затоа што чекале премногу долго за таков статус. „Тие не можат да си создадат семејство, избегале сами, немаат сопружник, деца и имаат по 50 години, рече алжирскиот работник. „Други едноставно исчезнуваат, ненадејно се депортирани во родната земја“, додаде тој.

– Емиграциските власти доаѓаат во 2 или 3 часот наутро и ги водат. Мора да се вратат дома, во родните земји, но таму тие немаат дом. Немаат ништо.

Сега кога е веќе легално ангажирана, Мариам многу се радува и својата прва плата ја потроши за да ги плати сметките за лекување на мајка и на други долгови.

– Во иднина сакам да заштедам малку пари, да си направам некои убави нешта како секој нормален човек, ни рече таа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Алармите за поплави во Виена се активираа, водата веќе ги поплави првите куќи

Терористот од Виена се пофалил со напад на своите пријатели, уапсен е и 18-годишник од Ирак

Еден од уапсените терористи од Виена детално ги опишал плановите за нападот на концертот на Тејлор Свифт

Горан Наумовски

Тинејџер од Босна и Херцеговина се заканувал дека ќе разнесе продавници во Виена

Горан Наумовски

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Откажани летовите Скопје – Виена поради штрајкот во „Аустријан ерлајнс“