Хорското пеење е добро за срцето

Од:

Шведските истражувачи им го мереле пулсот на хорски пејачи и откриле дека отчукувањата на срцето се синхронизираат после само неколку тактови.


Учесникот во студијата, музичарот Рикард Астром, вели дека тајната е во дишењето.


– Сфативме кога пеете – тогаш и дишете на ист начин. Хорот кој пее едногласно вдишува и издишува во истиот момент, објаснува тој.


Кога пеачот со штипалка за контакт ја става на увото и почнува да го мери пулсот, може да го проќита на екранот заедно со отчукувањето на срцето.


Кога ќе почне да пее, ритамот на отчукувањата се смируваат што благотворно делува на срцето, а со пеењето во хор тоа влијание се зголемува.


Оваа студија покажува дека постои причина заради која луѓето од порано пееле заедно во црквите, на натпреварите, можеби и во пештерите, затоа што тогаш се случува нешто што ги соединува.


Медиумите пренесуваат дека научниците од Универзитетот во Гетебург се обидуваат да откријат нови начини на кои музиката може да влијае врз здравјето.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска