Хормонски дисбаланс кај мажите: И татковците ги чувствуваат симптомите на бременоста

Од:

Речиси секоја мајка е свесна за физичките и психичките промени, кои ја очекуваат во бременоста. Меѓутоа бројни истражувања покажуваат дека хормонскиот дисбаланс ги измачува и идните татковци.

Процесот во кој мажот од момче станува татко, е проследен со серија манифестации, односно „симтоми на бременост“.

Со наближувањето на породувањето, промените се се посилни, а некои од нив на партнерката можат да и помогнат полесно да се носи со бременоста и со стравот од породувањето.

Кога ќе се намалат впечатоците и еуфоријата поради доаѓањето на првото дете, мажите ги фаќа паника. Кога стравовите кај жените помалку се смируваат, мажите тогаш почнуваат да размислуваат за големите промени, кои ги чекаат, за здравјето на партнерката, за можните компликации, но пред се за нивната подготвеност да бидат татко.

Во тој период, а најчесто станува збор за шесттиот, седмиот и осмиот месец, мажите се пораздразливи и поемотивни, така што партнерките треба да биде повнимателни во однос на нивните емоции и потреби.

Хормонските промени кај жената најчесто се пренесуваат и на таткото, така што кај мажите се менува количината на тестостерон, а доаѓа и до зголемување на пролактинот, познат како „мајчин“ хормон. Мажите тогаш почнуваат да чувствуваат татковски инстинкт.

Татковската фигура, која почнува да се раѓа во мажите, во голема мера ќе и помогнат на трудната партнерка. Мажите почнуваат да стануваат свесни за својата идна улога, така што ќе посакаат да ја направат најдобрата можна подготовка за доаѓањето на детето. Ќе ги бојадисаат ѕидовите, ќе ги поправат дефектите во домот и ќе направат простор за детето. Некои мажи ќе сторат се за да ја задоволат партнерката, така што на себе ќе го преземат и готвењето, чистењето и пазарењето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска