Најголемиот британски синџир на пабови и пивници „Грин кинг“ ја прифати понудата на конгломератот „ЦК Асет холдингс“ од Хонк Конг, да прејде во негова сопственост. Договорот тежи 4,6 милијарди фунти.
„Грин кинг“ има околу 38.000 работници и поседува 3.000 пабови, ресторани и хотели. „ЦК Асет“, основан од најбогатиот човек во Хонг Конг, Ли Ка Шинг, ќе плати 2,7 милијарди фунти за 220 години старата британска компанија, преземајќи ги и нивните долгови од 1,9 милијарди фунти, пренесе „Скај њуз“.
Хонгконшката компанија тврди дека нема да има отпуштања на работници.
Инаку, меѓу другото, „ЦК Асет холдингс“ се занимава и со недвижнини, продажба на енергенси и изнајмување авиони.