Холивудските режисери, меѓу нив и Квентин Тарантино и Џеј Џеј Абрамс ја предводат акција за спасување на последната фабрика Кодак која произведува филмски ленти, објави Би-Би-Си.
Дигиталната револуција доведе до опаѓање на продажбата на филмските ленти за 96 отсто од 2006 година.
Тарантино, Абрамс, Кристифер Нолан и Џад Апатов ги уверија филмските студија да дадат долгорочни нарачки, пишува „Вол стрит џурнал“.
Од Кодак порачаа дека тоа би ја спасило фабриката во Рочестер во сојузната држава Њујорк.
Додека поголем дел од режисерите преминаа на дигитална опрема, некои се уште сакаат да работат со филмски ленти.
Абрамс, кој моментално ја снима седмата епизода од „Војна на ѕвездите“, изјави дека тој формат претставува „стандард за квалитет“.
– Има нешто преубаво, органско, природно и реално во филмските ленти, вели Абрамс.