Холивудскиот глумец непрепознатлив, парталав и валкан

Од:

Метју Пери, ѕвездата од познатата серија „Пријатели“, виден е во јавност прв пат после две години.

Фотографите го забележаа во Њујорк, а неговиот изглед загрижи многумина.

Легендарниот Чендлер одеше по улиците во валкани алишта, изнемоштен, тажен, со долги валкани нокти и видливо ослабен, пишува Daily Mail.

Актерот пред неколку години јавно проговори за зависноста и депресијата со кои се бори со години, а многумина сметаат дека се уште има здравствени проблеми.

Пери стана зависник од алкохол и дрога додека ја снимаше серија “Пријатели”, а за прв пат во 1997 година отиде на рехабилитација.

Пред шест години, прв пат отворено зборуваше за неговите битки.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ