Онлајн модното списание „Stylish Eve“ на својата Фејсбук страница, која ја следат околу три милиони луѓе во светот објави албум под наслов „Долга коса за девојчиња“ со фотографии од деца, кои во најмала рака изгледаат премногу зрело за своите години.
Албумот со фотографии со девојчиња, освен големиот број лајкови, собра и доста негативни коментари од читатели, кои го критикиваа начинот на кој овие девојчиња се облечени или на кој позираат, како и од потребата таквото нешто да се пласира како прифатлив и симпатичен моден тренд.
– Можете ли ве молам да престанете да објавувате фотографии од девојчиња, кои се облечени како секси, возрасни жени? Пуштете ги децата да бидат деца, ќе имаат доволно време да пораснат, напиша една читателка, додека друга додаде „Колку тажно…на овие слики не гледам ниту едно дете, само исфрустрирани родители…“
– Престрашно е кога гледам како овие мали ангели изгледаат како тинејџерки или возрасни жени, идеално плодно тло за педофили и манијаци, Ова не е мода. Ова е страшно, е друг коментар на читател.
Хиперсексуализацијата на малолетниците не е ништо ново, глем број модни списанија веќе имаат искуство со претворање на девојчињата во секс симболи, а тука се и детските натпревари за убавина, кои вклучуваат искористување на девојчињара преку облекување на непримерна облека и обувки, шминкање, ставање на лажен тен, нокти и заби.
Франција на пример минатата година донесе закон со кој се забранува одржување на натпревари за убавина за деца под 16 години од причина дека тие ги хиперсексуализираат малолетниците. Освен тоа со овие мерки е вклучена и забраната за производство на облека и обувки во детски броеви, како што се градници и чевлите со потпетица.