Американскиот физичар Карл Хаген за BBC вели дека со името на честичката Хигсоновиот бозон треба да им биде оддадено признание на сите коишто учествувале во нејзиното откритие, а не само на британскиот физичар Питер Хигс.
Дебатата за промена не е нова, меѓутоа повторно заживеа по појавата на шпекулациите дека со годинешната Нобелова награда за физика ќе се одаде признание на теоријата на Хигс
Научниците од Европската организација за нуклеарни истражувања (CERN) во јули минатата 2012 година обајвија дека откриле честичка којашто „одговара” на карактеристиките на ткн Хигсовиот бозон, славната „Божја честичка” и алката којашто недостига во синџирот на теоријата за елементарните честички.
Веста CERN ја објави 48 години откако Питер Хигс ја изнесе теоријата за постоење на бозонот, кој подоцна беше наречен по него.