Стоматолозите често препорачуваат чистење на забите со конец, а истражувањата покажуваат дека дури околу 49 отсто од Американците го прават тоа. Зошто чистењето на забите со конец сепак е исплатливо?
Стоматологот Марк Бурен нагласува дека игнорирањето на забниот конец може да доведе до воспалување на непцата. За време на испитувањата врз животните, научниците откриле можна врска меѓу воспалувањето на непцата и дебелеењето. Животните со болни непца најчесто биле со зголемена тежина. Кога ќе се излечела инфекцијата, тие ги намалувале килограмите.
Бурен истакнува дека воспалението предизвикува стрес кој ја нарушува работата на метаболизмот. Кога масните клетки ќе ги зафати воспаление тие не можат да го контролираат инсулинот, што овозможува глукозата да се таложи во облик на маснотии, наместо да се користи за создавање енергија. Од воспалените клетки, исто така, може да истекуваат масни киселини, кои можат да предизвикаат хипертензија и висок холестерол.
– Бидејќи врз овој вид на воспаление имаме можност за контрола, со грижата за забите можеме да имаме и добро здравје. Со редовното чистење на забите ќе се почувствувате посилни, побрзи и сигурно повитки, наведува Бурен.