Хакерската група „Лизард сквод“ ја презеде одговорноста за уривањето на Фејсбук и Инстаграм

Од:

Хакерската група „Лизард сквод“ презеде одговорност за уривањето на популарните социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм, чии корисници ширум светот изутринава не можеа да пристапат до своите профили во период од најмалку 40 минути.

Сајтот „Раша тудеј“ наведува дека зад нападот на социјалните мрежи стојат хакерите од групата „Лизард сквод“, кои се поврзани со терористичката група Исламска држава. Хакерите од оваа група вчера извршија кибер напад и врз сајтот на малезиската авиокомпанја „Малејжа ерлајнс“.

Корисниците на Фејсбук на сајтот можеа да прочитаат: „Извинете нешто не е во ред. Работиме на тоа и ќе го отстраниме проблемот, што е можно побрзо“, додека Инстаграм на Твитер објави дека се запознати со проблемот и дека работат на неговото решавање.

Фејсбук има околу 1,25 милијарди, додека Инстаграм околу 300 милиони корисници во светот.

Би можело да ве интересира

Отказ добија пет отсто од вработените во Facebook, Instagram и WhatsApp

Горан Наумовски

Романски хакери украле над 106 милиони евра од сметките на 708 луѓе во Европа

А1он

Укринформ: Украински сајбер експерти ги хакирале серверите на руската Дума и на Уставниот суд

Неколку апликации на Мета не работат правилно на неколку локации во светот

Хакери ја нападнале фирмата „Пристаниште Риека“, украле голем број доверливи информации

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија