Хакери објавија дека ги имаат наредните епизоди од Game of Thrones

Од:

Додека фановите со нетрпение ја очекуваат секоја епизода од новата сезона на Game of Thrones, хакери објавија дека ги имаат „украдено“ наредните епизоди и се закануваат дека ќе ги пиратираат пред нивната премиера.

Имено, како што пренесува „Ентертејнмент Викли“, заштитата на ХБО е пробиена, и оттаму се преземени 1,5 терабајти податоци. Од украдените фајлови, хакерите пуштија онлајн необјавени епизоди од сериите Ballers и Room 104, како и трејлери за следната четврта епизода од Game of Thrones.

Од ХБО го потврдија хакирањето, но не открија што се се наоѓа во посед на хакерите, кои се закануваат и дека „наскоро следи уште повеќе”.

Киберкриминалците испратија дел од хакираната содржина и до одредени новинари.

Би можело да ве интересира

„House of the Dragon“ се враќа следната година, а ќе се чека на втората сезона на „The Last of Us“

Предраг Петровиќ

Писателот на Game of Thrones потпиша петгодишен договор со HBO

Ана Ололовска

„Game of Thrones“ се преточува во театарска претстава

Катерина Ѓуровски

Софи Тарнер си го зеде престолот од Game of Thrones

Ана Ололовска

Претпродолжението на „Game of Thrones“ како нова серија на HBO

Ана Ололовска

ВИДЕО: Питер Динклиџ ја доби четвртата, рекордна „Еми“ статуетка за машка споредна улога

Ана Ололовска