Гувернерот на Бали против промоција на „шеријат туризмот’’

Од:

Гувернерот на Бали, една од најатарктивните светски туристички дестинации, се спротивстави на идејата според која на познатите индонезиски острови треба да се промовира „шаријат туризам“.

Според гувернерот на провинцијата, која има 4,5 милиони жители и остварува годишен промет со седум милиони домашни и три милиони странски туристи, нема ни економска, ни политичко-религиозна потреба Бали да менува нешто во туристичката понуда.

Гувернерот Маде Пастика смета дека на Бали не треба да се нарушуваат традициите и вредностите кои се познати во целиот свет.

Идејата Бали да се ориентира кон „шаријат туризмот“ од септември наваму интензивно ја промовира Шаријатската економска комора, која смета дека Бали, како еден од симболите на Индонезија треба да има туристичка понуда базирана на принципите на исламот.

Поддржувачите на идејата додаваат дека „шаријат туризмот’’ динамично се развива во Малезија и Сингапур и дека во доминантно будистичкиот Тајланд, нагло се зголемува понудата за овој вид специфичен туризам.

Бали, кој многумина го нарекуваат „Остров на боговите“ ги привлекува туристите со богатото културно-историско наследство, прекрасните шуми на планинскиот предел настанат од праисториски вулкански ерупции и долгите песочни плажи. На островот се изградени 4.280 хотели кои имаат над 100 легла, а присутни се сите брендови кои нудат екстра луксузен престој.

Во прашање е и доминантно Хинду население, со традиции и култура што даваат особен белег на островот.

Деновиве во Денпасар и други градови на Бали се одржаа и демонстрации на студентите, кои протестираа против идејата за промоција на „шаријат туризмот“.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ