Грозје – зрна кои го чистат организмот

Од:

Грозјето, освен што освежува, се зема како лек за прочистување на крвта, го регулира варењето, ги отстранува масните наслаги од телото, за лекување воспалителни процеси на органите за варење, како и за отстранување на ревматски тешкотии и кожни алергии.

Свежиот сок од грозје е богат со витамини А, Б и Ц и разни минерали. Грозјето делува како природен тоник на организмот, а освен тоа, е изразито хранлива намирница. Содржи околу 20 отсто шеќери, па е и енергетски вредна намирница.

Ова овошје е многу важен извор на биофлавоноиди, кои го штитат организмот од слободни радикали.

Поради различните антиоксиданси, грозјето има и силен ефект против бактерии, вируси, воспаленија и алергии. Се препорачува против лоша циркулација, а важно е и во забавување на стареењето, односно спречување на деменција и дегенеративни очни болести.

Купувајте само зрели гроздови, бидејќи еднаш набраните веќе не созреваат.

Грозјето измијте го непосредно пред јадење, а за да го зачувате свежо, држете го во пластична кутија во фрижидер.

Белото грозје има многу слична енергетска вредност со црното, нешто помалку калиум и калциум, но е сиромашно со феноли во однос на црното грозје.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска