Грицкање нокти кај децата

Од:

Грицкањето нокти е многу непријатна навика, која може да биде причина за различни инфекции, посебно во летниот период, кога децата најголем дел од времето се надвор, а рацете им се валкани.

Педијатрите тврдат дека голем број деца во еден период ги грицкаат ноктите, но ако тоа подолго потрае постои некој проблем. Децата ги грицкаат ноктите кога се нервозни, кога нешто ги мачи, се плашат или се незадоволни. Тоа е еден од начините на кој се борат со негативните емоции.

На детето кое грицка нокти потребна му е помош и родителите треба да реагираат на време, бидејќи што е постаро детето потешко се искоренува навиката.

Прво што треба да направат родителите е да ја дознаат причината за непријатната навика. Можеби грицка нокти кога е гладно или уморно. Кога ќе сфатите што е причината треба да се разговара со детето, да му се пружи утеха, разбирање и љубов.

Постојат и средства за одвикнување кои се ставаат на ноктите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска