Поголем дел од луѓето ги сакаат „грицките“, но разните чипсови, соленки или смоки негативно влијаат на здравјето, при што со конзумирање на истите обично добиваме килограми или акни на лицето.
Во секој случај, тие се незаобиколен дел при гледање филмови, но исто така помагаат при привремено задоволување на гладта. Со самото тоа, докторите издвоија најздрави грицки, кои можете постојано да ги конзумирате.
Лешници
Со грицкањето лешници се зголемување внесувањето на магнезиум, елемент кој има важна улога во правилното функционирање на нервниот систем и контракциите на мускулите.
Семе од сончоглед
Семето од сончоглед е полно со растворливи билни влакна и го намалува нивото на лошиот холестерол и ја забавува апсорпцијата на глициди.
Суви сливи
Сувите сливи поволно влијаат на запирање на болестите кои кај жените најчесто се јавуваат во менопаузата: остеопороза и остеопенија.
Фстаци
Фстаците се богати со антиосиданси. Содржат Б6, бакар, манган, фосфор фитихемикалии и го намалуваат ризикот од срцеви болести. Особено се корисни кога ќе огладнете меѓу оброци.
Семки од кајсии
Семето и маслото од семките од кајсиите е богато со витамин А и Е, незаситени масни киселини, пред се олеинска. Коските се преполни со витамин Б17.