Грешки, кои родителите ги прават, кога го ставаат детето на спиење

Од:

Сите сакаат да знаат како децата да ги научат да спијат цела ноќ. Колку и да се трудат, некои бебиња тоа како да го одбиваат. Па можеби вие сте виновни. Проверете ги советите на експертите.

1. Очекувате бебето веднаш да спие цела ноќ

Тоа не е толку погрешно, колку што не е реално. Возрасните можат да спијат како бебе, но бебињата не можат да спијат како возрасни. Се додека бебињата не бидат стари меѓу осум и 12 недели, немојте тоа да го очекувате од детето.

2. Користите креветче, на кое му се спушта оградата

Од 2011 година нов стандард е страните на креветчето да не можат да се спуштаат, а во САД таквите креветчиња се повлечени од пазарот. Но тоа повеќето родители не го сфаќаат. Таквите креветчиња се оценети како небезбедни.

3. Не се придржувате кон рутината за заминување на спиење

Дури и доколку во прашање е новороденче, би требало да бидете доследни. Колку и да звучи едноставно, доследноста во рутината е клучна за детето да научи да спие. Изградете план, кој ќе ви одговара и придржувајте се кон него секоја вечер.

4. Го ставате детето во кревет со шишенце

Доколку тоа го правеле вашите родители, не значи дека тоа е добро за вас. Треба да ја избегнете зависноста на детето од хранењето за да потоне во сон. Освен тоа не би сакале детето само да се храни во текот на ноќта. Не само што ризикувате развој на кариес, туку и опасност од задушување. Судејќи според експертите на детето ретко му треба ноќно хранење по деветтиот месец.

5. Му дозволувате на дете постаро од три месеци да заспие пред да го ставите во креветчето

Примамливо е да го носите и галите детето пред да го ставите во креветчето, но детето во креветчето би требало да го ставите додека е будно. Може да биде поспано, но будно.

6. Ставате кадифени играчки, перничиња или ќебиња во креветчето

Избегнувајте ги тие работи додека детето не наврши барем шест месеци. Сакате да создадете безбедно опкружување, а идеално е детето да спие на грб во вреќа за спиење, без непотребни работи.

7. Му дозволувате на новороденчето да спие во седиште за во автомобил

Повеќето бебиња ќе заспијат додека ги возите во автомобил, но тоа може да биде проблем, бидејќи немаат контрола врз вратот. Може да се случи главечето да им падне напред и брадата да им стои на градите, што може да го отежне дишењето.

8. Му дозволувате да се премори

Некои деца не покажуваат знаци на замор со проѕевање, туку со дивеење и хиперактивност. Научетеги знаците, кои детето ви ги дава и ставете го во кревет, пред да стане преморено, бидејќи така потешко ќе заспие.

9. Премногу слушате туѓи совети

Преоптоварени сте? Можеби причината е во тоа што слушате други луѓе, наместо својата интуиција. Престанете да ги слушате советите на бабите и дедовците, кои ви говорат што треба да правите. Престанете да ги слушате пријателките, кои велат дека нивното дете спие цела ноќ од првиот ден. Се додека детето е нормално и здраво значи дека ја правите вистинската работа. Секое дете е посебно, а вие најдобро знаете што му одговара.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска