Доколку вашето дете не реагира на вашите смирувачки техники, можно е да има грчеви во стомакот.
Природно е новороденчето на возраст од три месеци и помалите да поминуваат низ потежок период, особено меѓу 18 часови и полноќ. Ако техниката како хранење, пресоблекување и нишкање не го прекинат плачењето на вашето дете, тогаш тоа спаѓа во 20 отсто од бебињата, кои кои имаат грчеви.
Причини за грчеви кај бебињата
Ако вашето бебе добива грчеви или премногу плаче, ќе забележите дека тоа е меѓу периодот на втората и четвртата недела. Неговото плачење ќе се зголеми во текот на денот и веројатно ќе има многу гасови и секогаш ќе се витка и нозете ќе ги истегнува.
Докторите не знаат зошто точно настануваат грчевите, но еве неколку можни причини:
– Недоволно развиен нервен систем
– Проблеми со удобноста
– Медицински проблем, како кила
– Нешто во вашата исхрана може да го иритира стомакот на бебето (доколку доите).