Познатиот готвач Гордон Ремзи доживеа страшна сообраќајна несреќа додека возел велосипед во Конектикат.
Познато е дека готвачот е страствен велосипедист, но овој пат доживеа сериозна несреќа. Како што објави на Инстаграм, животот му го спасила само кацигата.
„Среќен сум што сум овде“, рече готвачот на видеото, порачувајќи им на сите да носат кацига кога возат.
“Боли и тоа беше брутална недела. Но, јас поминувам преку тоа. Добро сум и немам скршена коска, не претрпев некои поголеми повреди, но сум помодрен и изгледам како виолетов компир”рече Ремзи, и им се заблагодари на лекарите и персоналот во болницата каде што се лекува.
Водителот на „Hell’s Kitchen“ потоа ги шокираше сите кога на видеото ја подигна униформата и покажа огромен виолетов подлив кој се протега по целата страна на неговиот стомак, од половината до ребрата.