Гордон Ремзи открива која е најодвратна храна: Не јадете во авион

Од:

Најпознатиот британски готвач Гордон Ремзи, телевизиско лице и сопственик на бројни ресторани е награден со 12 Мишелин ѕвезди. Сопственикот на ресторани ширум светот готвел за бројни познати личности, меѓу кои и Владимир Путин.

Неговата совршенство и стандарди кога е храната во прашање се на највисоко ниво. Како професионалец во работата, го открива своето омилено јадење, но и она што никогаш не би го јадел и ги советува и другите да го прават истото. Иако има пристап до некои од најскапите и најлуксузни состојки на светот, Ремзи откри дека за својот последен оброк би избрал едно од најевтините јадења на светот.

„Јас стојам на тоа. Се колнам во тоа. И тоа е единствениот оброк што некогаш би го изел како последна вечера. Мора да биде целосен англиски појадок со екстра додаток од печен грав“, изјави тој за „Инсајдер“.

Од друга страна, бидејќи често патува низ светот поради работа, авионите се најчесто средство за патување. Со тоа се осврна на храната која се служи во нив.

„Работев за авиокомпании десет години, па знам каде беше таа храна и каде оди, и колку време беше потребно за да се натавари во авионот“. Од друга страна, не се работи само за квалитетот на оброкот, туку и за цените“, откри овој познат готвач и додаде дека нема шанси да ја јаде храната послужена во авионот.

Би можело да ве интересира

Гордон Ремзи призна дека се исплашил од Владимир Путин

Ана Ололовска