Целосно голи швајцарски уметници лежеле на загрепскиот Цветен плоштад, а набрзо биле приведени од полицијата.
Неколкумина граѓани го искористиле моментот и ги фотографирале голите уметници пред да бидат приведени.
Перформансот беше дел од првото издание на Фестивалот „Загреб, те сакам!“, кој е инспириран од истоимениот перформанс на Томислав Готовац, а ја проблематизира положбата на телото во јавниот простор.
Готовац во 1981 година, одејќи гол по асфалтот на плоштадот и бакнувајќи го, остави силен траг длабоко во културното ткиво и историјата на градот Загреб.