НАСА со својот најмоќен вселенски телескоп „Хабл“ забележа и документираше мистериозна промена во таканаречената Голема црвена дамка на Јупитер.
Научниците Мајкл Вонг и Ејми Сајмон неодамна анализираа податоци од телескопот за брзината на ветрот на Дамката, којашто може да надмине 200 км/ч. НАСА вчера објави дека нивното истражување посочува дека надворешниот опсег на циклонот се забрзува, т.е. брзината на ветерот се зголемила до осум отсто од 2009 до 2020 година. Во истовреме, внатрешните струења забавуваат.
– Се прашував: Дали има смисла ова? Никој досега не го видел ова! Само долговечноста и постојаните набљудувања на „Хабл“ го овозможуваат ова откритие, вели Вонг, од американскиот Универзитет на Калифорнија, во Беркли.
„Точката“ претставува циклон со дијаметар од 6.000 километри – доволно широк за да ја проголта планетата Земја. Тој се намалува откако астрономите почнаа да го набљудуваат пред околу 150 години, но никој не можеше да ја следи брзината на неговото движење сѐ до „Хабл“, поставен 2009 година.
– Бидејќи сега рутински ги имаме овие гледишта со висока резолуција од неколку различни опсерватории и бранови должини, учиме многу повеќе за Јупитер… Конечно можеме да почнеме да ги разгледуваме и временските циклуси!, истакна проф. Сајмон.
Сѐ уште никој не знае што значат променливите ветрови за бурата во целина.
– Тешко е да се дефинира, бидејќи „Хабл“ не може добро да го види дното на бурата. Сѐ што е под облаците е невидливо. Но, тоа е интересен податок што може да ни помогне да разбереме што ја поттикнува Големата црвена дамка и како ја одржува енергијата, додава Вонг.
Филип Маркус, истражувач на Универзитетот во Беркли, коавтор на новиот труд, тврди дека Големата црвена дамка нема да исчезне.
„За да го разберат „здравјето“ на самото место, планетарните научници треба да го проучат „здравјето“ на неговиот вртлог, а не на самиот облак. Намалувањето на облакот не е предвесник на „смртта“ на Дамката“, вели Маркус во еден свој претходен напис.
Во меѓувреме, се чини и дека Големата црвена дамка, како што се стеснува, станува и повисока.