Британските и ирските букмејкери велат дека има наплив од облози за кралското новороденче, што во понеделникот официјално го потврди британскиот кралски дворец, што се гледа од комбинираниот онлајн-ресетр на британските букмејкери Oddsshecker.
Се очекува првото дете на војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кетрин Мидлтон, да се роди околу почетокот на летото на 2013 година. Букмејкерите почнаа да примаат облози од различни аспекти за овој среќен настан и пред официјална потврда, но во понеделникот навечер бројот и обемот на облозите драстично се зголемија.
Секој може да се стави облог на полот на бебето, бојата на неговата коса, ден од седмицата и точното време на раѓање, тежината при раѓањето, или кој ќе биде кум на првенчето на Вилијам и Кејт. Букмејкерските платформи Betfred и StanJames, дури, примаат облози за времето кога ќе се јават контракциите кај мајката за време на породувањето.
Најверојатниот портрет на првороденчето на Вилијам и Кетрин, кој ќе стане британски монарх, според резимето на букмејкерите е: момче со темна коса со родилна тежина од 3,2 до 3,6 килограми. Меѓу најверојатните имиња се Џорџ или Џејмс (доколку е момче) и Ана или Френсис (во случај да биде девојче).