Го возврати ударот: Рики Мартин го тужи внукот кој тврдеше дека биле интимни и бара отштета од 20 милиони долари

Од:

Пејачот Рики Мартин поднесе тужба против неговиот внук Денис Санчез Мартин, кој го обвини за сексуална злоупотреба и бара 20 милиони долари, пишува магазинот People.

Рики Мартин го направи овој потег неколку недели откако неговиот внук ја повлече тужбата за сексуален напад, а судијата ја укина привремената забрана за доближување.

Внукот на познатиот пејач во обвинението имаше изјавено дека тој и Рики Мартин биле во романтична врска седум месеци и дека пејачот „не го прифатил“ раскинувањето, што се случило два месеци пред да ја поднесе тужбата.

Внукот рече дека се плаши за својата безбедност и побара забрана за приближување која истече на 21 јули, а истиот ден, за време на сослушувањето преку адвокат, побара да ја повлече тужбата, наводно поради неуспешен обид да преговара за финансиска спогодба.ж со адвокатите на Мартин.

Пејачот сега го тужи својот внук за изнуда, и бара 20 милиони долари отштета за неосновани обвинувања, злоупотреба на правата и за нанесената штета на угледот.

Би можело да ве интересира

Полицијата му нареди на Рики Мартин да се држи подалеку од поранешното момче: „Не сака да прифати разделба“

ВИДЕО: Рики Мартин покажа како си го негува лицето и кожата

Ана Ололовска

Рики Мартин се венча со својот партнер

Наум Локоски

Никола Пишек: Кога Рики Мартин ќе ти дојде ненајевен на гости