Главната карневалска вечер во Струмица ќе се одржи на 21. февруари

Од:

Струмица се подготвува за овогодинешното издание на карневалот кое ќе се одржи од 18-ти до 25-ти февруари.

Карневалските празнувања ќе почнат со детскиот маскенбал на 18-ти февруари, ќе продолжат на 19-ти со објавувањето на резултатите од конкурсот за најдобри остварувања на тема карневал, изложба на фотографии од карневалот 2014 и традиционалниот концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони“.

Свеченото отворање ќе се одржи на 20-ти февруари со традиционалниот маскенбал на кој ќе бидат избрани принцот и принцезата на карневалот, а на 21-ви е главната интернационална карневалска вечер. Карневалските празнувања продолжуваат со детскиот карневал на Прочка, на 22-ри февруари, на 23-ти е чист понеделник, кога традиционално се вари бел грав, а истиот ден ќе бидат објавени и резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер и отворена изложбата и доделени наградите од наградниот конкурс за карикатури и афоризми на тема карневал.

strumicki-karneval2015 (2)

Традиционалното карневалско корзо и доделувањето на наградите на најдобрите карневалски маски ќе се одржи на 24 февруари и карневалските празнувања завршуваат на 25-ти февруари со одбележувањето на тримерските обичаи.

Според Александар Цицимов, претседател на организациониот одбор и годинава има голем интерес на странските групи за учество на струмичкиот карневал. Иако пријавувањето се уште трае, своето учество го потврдија групи од Турција, Хрватска, Србија, Црна Гора и Бугарија, а се вршат и резервации во хотелските капацитети.

Струмичкиот карневал има вековна традиција, а годинава одбележува 25 години од обновената организирана форма на неговото одржување.

Би можело да ве интересира

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица

ВИДЕО: Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле

Катерина Ѓуровски

Јован и Јане се првите бебиња во Струмица во оваа година

Загаден е воздухот во Струмица, власта предлага вонредни мерки

Горан Наумовски

Струмичанец и се заканувал на 39-годишната сопруга

Горан Наумовски