Германија ја купи куќата на Томас Ман во Калифорнија

Од:

Германија за 13,25 милиони долари ја купи куќата во Калифорнија која му припаѓала на писателот и Нобеловец Томас Ман и планира да ја чува како објект од историска вредност.

Томас Ман беше германски романописец, кој Нобеловата награда ја добил во 1929 година, а во егзил побегнал во 1933 година со доаѓањето на Адолф Хитлер на власт.

Ман живеел во Калифорнија од 1942 до 1952 година, а потоа се преселил во Швајцарија, каде починал во 1955 година.

– Куќата на Томас Ман беше дом за толку многу Германци кои се бореле за подобра иднина на својата земја и отворено општество, рече германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер. – Во тој дух сакаме да оживее вилата на Томас Ман, додаде тој.

Реновирањето на кујќата во која германскиот писател го напиша биографскиот роман „Доктор Фауст“, ќе трае две години.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите