Германија избра песна и претставник за Евровизија

Од:

Младиот пејач Исак со песната „Always on the Run“ ќе ја претставува Германија во Малме во мај.

Германија е дел од „големата петорка“ заедно со Велика Британија, Франција, Шпанија и Италија. Со ова, сите претставници од петорката веќе имаат избрано и изведувач и песна.

Имено, Оли Александер ќе го претставува Обединетото Кралство со песната „Dizzy“, додека пејачот со алжирско потекло Слимане ќе ја претставува Франција со песната „Mon Amour“.

Шпанија го избраа дуото Nebulossa со песната „Zorra“, додека Анџелина Манго ќе ја претстави Италија со песната „La Noia“.

Со изборот на Исак, Германија се надева дека конечно ќе „закрепне“ од пласирањето на дното на табелата. Веќе подолго време Германија е во последните 5 пласирани на фестивалот, а слично се случува и со другите претставници од големата петорка. Единствено Италија успева да забележи топ 10 пласмани, а дури и една победа во 2021 година, кога Франција заврши на второто место. Во 2022 Обединетото Кралство исто беа на второ место, а со тоа и организираа Евровизија во 2023 во име на Украина.

Би можело да ве интересира

Активисти се залепија за пистата на аеродромот во Келн, откажани летови

Германија го повика турскиот амбасадор на разговор поради прославата на Демирал на ЕУРО

Катерина Ѓуровски

Судир меѓу полицијата и демонстрантите на конгресот на АфД, не се знае дали има повредени

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на антисемитски инциденти во Германија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Германија: Полиција влезе во училишна зградата, учениците затворени во училниците

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот