Американски научници од Универзитетот Вашингтон веруваат дека декодирањето на ДНК на еден вид желка ќе го унапреди третирањето на последиците од срцев и мозочен удар.
Се покажало дека 19 гени на желка се поврзани со функцијата на мозокот во услови кога на организмот му недостасува кислород.
Исто така се откриени 23 гени пресудни за функцијата на срцето во такви услови.
Истражувачите напоменуваат дека овие гени се присутни и кај луѓето и веруваат дека нивните наоди ќе доведат до развој на нови терапии наменети за лицата кои претрпеле оштетување на ткивото поради недостиг на кислород.
Резултатите од новата студија ги објави научното списание „Genome Biology“.