Гардиан: Разоткривање на петте најпознати евровизиски митови

Од:

Еден од редовните блогери – колумнисти на британскиот Гардиан, Џон Лукас објави интересна приказна, каде на читателите во Англија им ги разоткрива петте најраширени митови за Евровизискиот натпревар. Во Англија, како што вели, е тешко да се биде евровизиски фан делумно и поради митовите кои го следат популарното телевизиско натпреварување.

Мит бр. 1: Источна Европа го „киданпираше“ натпреварувањето

Најчест аргумент против регуларноста на Евровизијата е дека тука не станува толкузбор за песните, тукуза тоа која земја, најчесто од источна Европа, има најголем број пријателски соседи.

Вистина: Дури и кус поглед на историјата на победниците покажува фатална грешка за овој аргумент. Во последната деценија победниците биле од Шведска, Азербејџан, Германија, Норвешка, Русија, Србија, Финска, Грција, Украина и Турција – прилишно рамномерна покриеност на Европа кога се ќе се земе предвид.

Мит бр. 2: Сите гласаатза соседите

И така е и не е така. Вистина е дека Грција рутински најмногу бодови дава на Кипар, а Босна на Хрватска, но тоа нема многу врска со неразумната лојалност тукусо сличното културно миље.

Вистина: Големата ѕвезда во Шведска, веројатно е ѕвезда и во Норвешка, а популарните мелодии од Литванија сигурно се слушаат и на летонските радио-станици. Простата пресметка кажува дека меѓу 40-те земји кои гласаат, ниедна нема доволно соседи да триумфираат само врз основа на локацијата. Да е така една од тие земји би победувала секоја година. На крајот на денот секогаш триумфира песната која ќе им се допадне на најголемиот број гледачи.

Мит бр. 3: Се е во сценскиот настап

Добрата сценографија, костимографија или кореографија може да помогне во претставувањето на песната и таа повеќе да се запомни, но ако самата мелодија не се истакне, најчесто нема далеку да стигне.

Вистина: Потсетете се дека минатата година кога руските „бабушки“ за кои толку многу се зборуваше, изгубија од Швеѓанката Лорин чиј „трик“ се состоеше во тоа таа сама да стои на сцената и одлично да пее добра, модерна, поп песна

Мит бр. 4. Сите ја мразат Велика Британија

Блогерот Џон П.Лукас пишува дека Британците „сакаат комплекс на добра жртва“ и потсетува дека таа земја последните години ја претставувале Енди Ејбрахам, „Scooch“ и Џош Дубови. Лукас иронично наведе – Секако дека причината зашто никој не гласа за нас е тоа што го нападнавме Ирак.

Вистина: Од друга страна имавме и некои забележителни настапи: Џејд Јуен во 2009 година го зазеде неверојатното петто место, а Џесика Гарлик во 2002 година беше трета. Не беа ништо посебно, само солидни нумери кои беа добро изведени. Ако сакаме да поминеме подобро, мораме да бидеме подобри, пишува Лукас.

Мит. бр 5: Сите песни се очајни

Тоа во целост е работа на личниот вкус. Меѓутоа, различноста на музичките стилови го доведува во прашање секој кој се смета за личност со отворен ум, а кој вели дека шоуто нема никаква вредност.

Вистина: Кога инаку на едно место би слушале хрватска клапа, француски блуз, црногорски рап, норвешка електро и македонска ромска музика? Начулете ги ушите, слушајте без предрасуди и можеби пријатно ќе се изненадите.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија