Гај Себастијан ќе ја претставува Австралија на фестивалот на Евровизија во Виена

Од:

Поранешниот победник на австралиското натпреварување „Поп Ајдол“ Гај Себастијан ќе ја претставува Австралија на годинешниов избор за песна на Евровизија, што оваа година се одржува по 60 пат.

Свеченото претставување на австрлискиот претставник за Евровизија, беше извршено на посебна церемонија во операта во Сиднеј.

Себастијан е познато име во тамошната музичка јавност, откако во 2003 година победи на првиот „Поп Ајдол“ во оваа земја. Во периодот меѓу 2010 и 2012 година, тој беше еден од судиите на австралискиото натпреварување за ново пејачко име „Икс Фактор“.

Многу сум задоволен што токму јас ќе ја претставувам Австралија на Евровизија.За мене тоа е голема чест и обврска-изјави Себастијан за телевизиската компанија Еј-Би-Си.

Песната со која тој ќе настапи се уште не е избрана.

Организаторите на евровизискиот фестивал,што годинава се одржува во Виена одлучија првпат да поканат и земја-гостин на Евровизија.

Изборот на далечната Австралија не е случаен, затоа што фестивалот е мошне популарен кај тамошните телевизиски гледачи. Минатата година, преносот на финалето на Евровизија го следеле повеќе од три милиони Австралијанци.

Австралија доби „вајлд-карта“ за да се појави еднаш на Евровизија и директно да учествува во финалето.

Гледачите од далечната земја-континент ќе имаат право да гласаат на двете полуфинални вечери,како и во финалето, а сите другите да гласаат за австралиската песна.

Тоа значи дека Гај Себастијан, теоретски, може и да победи. Доколку би се случило тоа, Австралијанците ќе имаат право да ја бранат победата, идната година на следната Евровизија, но не на свој терен туку во некоја земја во Европа.

Себастијан не е првиот Австралијанец кој ќе пее на Евровизија, но тројцата настапувачи пред него пееја за други земји. Оливија Њутон Џон во 1974 година пееше за Велика Британија и беше четврта, во годината кога победи АБА со „Ватерло“. Во 1996 година за Британија настапи Австралијанката Џина Џи, додека во 2006 година, Џејн Камфорд пееше за Германија.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија