В сабота во Паркот на рокенролот во Загреб ќе биде откриен споменик на легендарниот фронтмен на групата „Моторхед“, Леми Килмистер.
Така Леми, чие вистинско име е Иан Фрејзер Килмистер, ќе им се придружи на Џон Ленон, „Рамонес“, Џо Страмер, Ник Кејв, Ејми Вајнхаус, Џими Хендрикс, Иги Поп, Дејвид Боуви, „Квинс“, Деби Хари, Пети Смит и ред други светски музички ѕвезди, кои веќе имаат свои споменици во овој загрепски парк.
Автор на скултурата на Леми е хрватскиот академски вајар Иван Дураковиќ.
Леми Килмистер почина кон крајот на минатата година.