Француската лабораторија „Карма“ првпат продаде вештачко срце

Од:

Француската лабораторија Карма денеска објави дека по првпат пуштила на пазарот вештачко срце, кое неодамна беше вградено кај пациент во Неапол во пресрет на трансплантација.

Тоа е прва продажба на лабораториско вештачко срце. Лабораторијата е основана 2008 година.

Вградувањето на срцето ја изврши тим лекари предводени од кардиологот Чиро Мајело во болницата во Неапол.

Во 2020 година, „Карма“ доби лиценца за продажба на својот производ во Европа, на пациенти кои чекаат на трансплантација на срце. Француската лабораторија, која го измисли вештачкото срце, пред неколку години рече дека тие не можат целосно да заменат трансплантација, но се вградуваат поради недостаток на срце за трансплантација.

Претходно беше наведено дека протезата тежи 900 грама – потешка е од вистинското срце, тешко 300 грама.

Лабораторијата не ја наведува цената на протезата. Но, неофицфијално, таквото срце ќе чини околу 160.000 евра, исто колку и вистинското пресадување, со долг постоперативен тек.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска