Уште едно прекрасно карневалско издание беше презентирано минатата ноќ во Струмица. Во интернационалната карневалска поворка продефилираа 52 карневалски групи од градот домаќин, но и од другите градови во Македонија и групи од Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија и Турција.
Разновидните маски во кои се вложени многу труд и љубов, а се подготвуваа со месеци ги воодушевија и домаќините и многубронјите гости кои дојдоа за да бидат дел од најголемата забава под маски во државата.
Денеска во своите маски уживаа и децата во традиционалниот детски карневал кој се одржува на Прочка.
Со годинашаната карневалска понуда Струмица го потврди своето место меѓу 20-те најдобри карневали во светот.