Додека многумина ја прославуваат победата на Кончита Вурст на Евровизија, има и такви кои што не се задоволни од исходот на музичкото натпреварување.
Во знак на протест против триумфот на Австрија многумина Руси и Белоруси ги преплавија социјалните мрежи со различни фотографии на кои ги бричат брадите.
Овој непријатен тренд вклучува и недолични коментари на „Твитер“ со кои се напаѓа Кончита и Европската заедница.
Граѓани на Русија и Белорусија лансираа петиција за затворање на секоја телевизиска станица, која ќе го емитува евровизискиот настап на Вурстов, а истата веќе има 23.000 потписи.
Одредени лица ја искористија можноста да ја нападнат Австрија, објавувајќи фотографии на Вурстов со слики на познати културни икони, со цел да покажат дека државата е на ниско ниво, од аспект на културата.
Е. Г.